Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Стаклена менажерија“ на Тенеси Вилијамс ќе биде изведена во струмичкиот театар

На 28-ми февруари 2019-та година (четврток), со почеток од 20 часот, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе биде изведена претставата „Стаклена менажерија“ на Тенеси Вилијамс.

Постановката на ова дело на сцената на струмичкиот театар се случува како последица на сознанието дека и денес, во иста, а можеби и во уште поголема мера – болката и копнежот се супстанци без кои не се може. Исто како и потребата од љубов и потребата од бегство.

Претставата е обид за пронаоѓање на точката на вкрстување помеѓу сировоста на реалното и чудесноста на замислените и посакуваните светови. Слика на некое современо reality show кое полека ѝ се измолкнува на стварноста.

Улогите ги толкуваат: Аманда Вингфилд – Тинка Ристеска, Лаура Вингфилд, нејзина ќерка – Анкица Бенинова, Том Вингфилд, нејзин син – Коста Ангов и Џим О’Конор – Ванчо Василев. Режија – Драгана Таневска, Сценографија – Сергеј Светозарев, Костимографија – Ванчо Василев, Драматург – Ацо Гогов, Психодраматичар – Александра Михајловска, Психотерапевт – Габријела Бошков.

Влезницата за претставата чини 100 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.