Со проектот „Био-фарма за рециклирање на вода, воздух, производство на храна и психолошки придобивки кај космонаутите во вселенски брод“, тимот на ученици од СОУ „Никола Карев“ – Струмица, викендов освои прво место во категорија успешно проектно решение на првиот државен натпревар „Прва Лего Лига“, за деца од 9 до 16 години, кој се одржа во просториите на факултетот за информатика во Штип.
Тимот на ученици го сочинуваа: Мелани Додевска, Стефан Сачевски, Горан Костадинов, Кристијан Пеливанов, Димитар Витанов, Васко Караиванов и Кире Тасев сите од I-9 клас, со менторот Лидија Петрова-Иванова и тренерот Борислав Манчев.
Овој натпревар е всушност меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.
Tемата на проектот годинава беше „Во орбитата“ а тимовите имаа задача да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем, како и да предложат решение.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.