Синоќа на локалниот пат Василево-Пиперево се превртел автобус, во кој бил само шоферот. Тој бил пренесен во болница откако му биле констатирани телесни повреди.
Од СВР-Струмица сѐ уште нема информации за деталите околу несреќата и само рекоа дека автобусот излетал од коловозот, по што се превртел.
Повеќе информации по завршувањето на увидот од страна на СВР – Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.