Со пригодна свеченост која што се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, општина Струмица ја одбележа 15-годишнината од трагичната смрт на македонскиот претседател – Борис Трајковски.
За животот и делото на Трајковски, зборуваше Марјан Даскаловски – претседател на Советот на општина Струмица, кој истакна дека борбата и заложбата на Трајковски за Македонија не се заборавени и дека тој беше голем човек кој секогаш се гордееше со Струмица. За него заборав ќе нема – додаде Даскаловски.
Во чест на Трајковски, членови на неговото семејство, претставници на институции, организации и здруженија, положија свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“, а членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа поезија.
Традиционално и оваа година, беше засадено дрвце во паркот спроти споменикот на претседателот Борис Трајковски.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.