Советот на општина Струмица ја одржа 20-тата седница, на која беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области.
Усвоени беа предлог – одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во село Габрово и за фаза 2 – електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во село Градско Балдовци.
Беа усвоени и анексот кон Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село; Акциониот план во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021 година; предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година и Правилникот за организирање и реализација на струмички карневал.
На седницата на Советот беше усвоена и информацијата за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за втората половина од минатата година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.