Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Зоран Зимбаков на средба со претставници од „Caritas Macedonia“

Градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков, во просториите на општината, оствари средба со претставници на хуманитарната организација „Caritas Macedonia„ – г-дин дон Павао Шекрија и г-дин Спасе Спасов.

На средбата се разговараше за моменталните активности на оваа организација, како и за тоа како може преку заеднички проекти да им се помогне на оние граѓани кои имаат најголема потреба, без оглед на националните, верските и политичките идеологии.

„Caritas Macedonia“ со своите програми им помагаат на сиромашните семејства без приходи, или на семејства чија социјална помош не е доволна. Одредбите ги вклучуваат основните потреби за храна, облека и медицина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.