На 27.02.2019-та во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси во дом и помошни простории во сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци.
При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден и во истиот период, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси и во дом и други простории во сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица.
При што биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.
По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.