Користејќи различни форми и методи на работа, преку претходно истражување спроведено од формираните групи на ученици, во ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, се одржа заеднички час на ученици со мешан етнички состав.
На заедничкиот час од наставниот предмет географија, беа реализирани предвидените програмски цели, при што, учениците изработија паноа со обележани географски региони, каде живее население со различна вероисповед, а на посебни необележани географски карти, ја одбележуваа местоположбата на населението со различна вероисповед. Заедничкото дружење и соработка на учениците допринесоа за успешно завршена активност.
Заедничкиот час беше одржан во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци.
Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.