На 28.02.2019-та година во 09:40 часот во СВР Струмица, Б.Д.(61) од село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“ против лицето К.Л.(31) од Скопје, а престојувал во Струмица.
Според пријавеното, во 2015, К.Л. се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, општина Струмица. За таа намена, во повеќе наврати во 2015 и 2016, таа му исплатила надомест од 26.900 евра.
После ова, до денот на пријавувањето, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште,а од парите и вратил само 3000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.