Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Формирање Локален совет на млади, за да се слушне гласот на младите во Струмица

Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, одржа средба со делегација од ОБСЕ предводена од Јасмина Тодоровска – Митева, Национален програмски офицер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Заев.

На средбата се разговараше за формирање на Локален совет на млади во рамките на општина Струмица со цел да се слуша гласот на младите, да се детектираат младинските проблеми на локално ниво и да се наоѓаат решенија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тие договорија и идна соработка врз основа на потпишан меморандум за соработка.

ОБСЕ активно ја поддржува работата со и за младите, нивното учество и вклучувањето во процесите на донесување на одлуки што претставуваат значаен чекор кон афирмирањето на младите во општествените текови.

Според Јаневски, на младите им се дава можност да започнат дијалог со општината и отворено да дискутираат за младинските прашања со општинските власти.

Посебниот советник Тасев го запозна градоначалникот со младинските мерки и активности кои ќе ги преземе Владата заедно со Агенцијата за млади и спорт со цел подобрување на стандардот на младите, нивно вклучување во општествените текови и вклучување во процесите на носење на одлуки преку Законот за младинско учество и младински политики, кој е во финална фаза и се очекува да биде донесен до првата половина на 2019 година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.