И шоферот на комбето од Струмица е негативен на коронавирусот, неофицијално објави „360 степени“, од извори блиски на здравствените власти.
Шоферот кој ја превезувал госпоѓата со коронавирус од Италија, вчера се пожалил на кашлица и болки во градите по што беше префрлен во изолација во струмичката болница, каде беа земени материјали за испитување во лабораторијата во Скопје.
Официјални резултати од неговото тестирање се очекува да бидат соопштени наскоро.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.