Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пронајдено телото на починатото бебе и предадено на обдукција

  • По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.
  • Подоцна било пронајдено и телото на мртвото бебе.
  • По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција.

На 03.03.2019-та година околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. Подоцна било пронајдено и телото на мртвото бебе.

По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.