Од денес почнуваат карневалските активности во Струмица, со симболичното предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Коста Јаневски на карневалистите во 12 часот.
Од утре (07.03.2019-та четврток) продолжуваат активностите за карневалот според програмата. Во 12 часот ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања, на тема карневал во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица. Во 19:30 ќе биде поставена изложба на фотографии од карневалот од 2018-та година во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и во 20 часот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ – Струмица.
Активностите од карневалот ќе траат до 13.03.2019-та (среда).
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.