Продолжуваат многубројните настани кои се дел од годинашната програма на „Струмички карневал“. Вчера во ЛУБ „Благој Јанков-Мучето“ – Струмица, беа објавени резултатите од наградниот конкурс за литературни творби (поезија и проза), а наградените добија пригодни награди.
Во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица беше поставена изложба на карневалски слики од „Струмички карневал 2018-та“, додека пак, музичкото училиште „Боро Џони“ одржа концерт под маски.
Денес во 18 часот ќе има карневалско дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица, а во 21 часот е свеченото отворање на „Струмички карневал“ и маскенбал со избор на принц и принцеза на карневалот, во хотел „Сириус“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.