На булеварот „Маршал Тито“ во Струмица поставена е првата станица за полнење електрични на автомобили „Wallbe Pro Plus“. Полначот е со капацитет 2 x 22 kW, односно, за полнење на две возила истовремено.
Освен во Струмица, уште во 17 градови во државава се поставуваат вакви станици, во рамки на проектот на ЕВН, за развој на електромобилството.
Користењето на полначите е бесплатно за време на иницијалниот промотивен период, а потоа, за нивно користење возачите треба да се пријават за картичка за полнење.
Преку овој проект, целта на ЕВН е да се зголеми бројот на електрични возила во земјава, што ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, помала бучава во урбаните средини и долгорочна одржливост на животната околина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.