СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Струмица, кој се наоѓа на издржување на казна затвор во Казно-поправниот дом Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.12.2018-та година во КПД – Штип, вработени извршиле претрес во просторијата во која пријавениот издржува казна затвор, при што пронашле и одзеле хероин.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.