На 21.03.2019-та година (четврток) со почеток во 12 часот, на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ – Струмица, ќе се одржи Флеш Моб „Заедно можеме“ со цел да се одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, а во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ – Струмица.
Од Здружението повикуваат на заедничка дружба и игра, преку која ќе биде испратена пораката дека светот е поубаво место за живеење кога се имаме едни со други.
Инаку одбележувањето на овој ден токму на 21 март е со цел симболично да се нагласи уникатноста на трипликацијата (трисомија) на 21 хромозом кој предизвикува Даунов синдром.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.