Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општините Василево, Босилово и Ново Село добија заеднички ровокопач

Општините Василево, Босилово и Ново Село добија нов, заеднички ровокопач, како дел од Програмата за развој на руралната инфраструктура, за која, на барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра.

Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. 

Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Набавка на универзални ровокопачи – натоварувачи за потребите на руралните општини“. Преку набавката на 10 ровокопачи која е финансирана со средствата од ЕУ, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области.

Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.