Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичани најмногу се жалеле за уличното осветлување преку „Систем 48“

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во месеците јануари и февруари биле решени 194 проблеми од вкупно пријавените 218. Останатите 24 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување – 120, од областа на собирање смет – 40, водовод и канализација – 38, паркови и зеленило – 15, општински инспекциски служби – 5.

Општинскиот сервис „Систем 48“ нуди брзо и професионално решавање на пријавените проблеми на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.