Од 14-ти до 17-ти март во Струмица се одржува меѓународната средношколска манифестација „Економијада 2019-та“ на која годинава, домаќини се средношколците економисти од Струмица.
На манифестацијата пристигнаа претставници од 11 училишта од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија, а единствените македонски претставници се економистите од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Целта на Економијадата е да ги поврзе учениците преку дружење, запознавање со културата на земјите-домаќини, натпреварување меѓу учениците од областа на стручните економски предмети и размена на искуства за различни проекти.
Економијадата како манифестација традиционално се одржува секоја година, почнувајќи од 2009-тата година.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.