Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Голема акција на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ за чистење на дивите депонии

Од населените места Водоча, Просениково и Добрејци, општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, викендов започнаа голема акција за чистење на дивите депонии. Околу 15 камиони и возила за товарање на отпадот беа ангажирани во првиот ден од акцијата. Локациите на кои што почна акцијата, ги посетија градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“ – Зоран Ѓоргиев.

Грдата слика што ја создаваат дивите депонии, прави општината да биде оптеретена со еден голем проблем, а тоа беше мотивација да се започне со оваа голема акција. Целта е да се исчисти потемелно и се работи на сите локации кои што се лоцирани како диви депонии. Во оваа опсежна акција ангажирани се човечки ресурси и механизација – истакна Јаневски.

Тој уште еднаш упати апел до жителите на Струмица и останатите општини, да бидат повнимателни во однос на зачувувањето на животната средина и ги повика сите кои што имаат било каква механизација или превозно средство кое е адекватно за оваа работа, да се пријават во „Комуналец“. Според него, оваа акција ќе биде и една голема кампања која општина Струмица ја замисли и во однос на едукацијата на овој народ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.