Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичаните Александра Јанева и Васил Гарванлиев на Евровизија со Тамара Тодевска

  • Покрај нив, како придружен вокал ќе настапи и младата пејачка Антониа Гиговска.
  • Тодевска во мај ќе ја претставува нашата земја со песната „Proud“ во Тел Авив во Израел.
  • Познавајќи го тимот знам дека ќе дадеме се од себе!

Двајцата струмичани – Александра Јанева и Васил Гарванлиев годинава ќе настапат на Евровизија, како придружни вокали на нашата претставничка Тамара Тодевска. Покрај нив, како придружен вокал ќе настапи и младата пејачка Антониа Гиговска.

Тодевска во мај ќе ја претставува нашата земја со песната „Proud“ во Тел Авив во Израел.

Васил Гарванлиев за неговото учество на Евровизија на својот фејсбук профил напиша: Со посебно задоволство сакам де Ве известам дека официјално сум дел од супер тимот на овогодинешната претставничка на нашата земја за Евровизија во Израел -Тамара. Чест ми е што ќе можам да придонесам со мојот глас и искуство за овој настап нѐ направи горди сите нас! Познавајќи го тимот знам дека ќе дадеме се од себе! Им благодарам на Македонската делегација од националниот сервис и секако на Тамара за нивната доверба. Време е да го покажеме најдоброто од нашата татковина! Се гледаме во Тел Авив.

Ниту Александра Јанева не ги криеше емоциите за тоа што ќе биде дел од евровизискиот тим и ја сподели информацијата со своите фанови на социјалните мрежи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.