Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

4-те лица од Струмица тестирани на коронавирус се негативни

Министерството за здравство информира дека вчера попладнето на коронавирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот.

Претпладнето биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати биле негативни на коронавирустот.

Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.

Вчера попладне на коронавирус биле тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.