Министерството за внатрешни работи – Секторот за внатрешни работи Струмица, во соработка со Регионалниот Центар за управување со кризи – Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување, ШС „Беласица“, ТППЕ и други надлежни субјекти за превенирање на и од пожари, имајќи ги предвид претстојниот период на зголемување на температурите, зголемената раздвиженост на граѓаните, излегување во природа, одење на лов и подготвување на земјиштата за посеви и култури, со што се зголемува можноста за појава на шумски пожари на отворени простори.
За таа цел, под мотото „Лето без пожари“ се апелира до граѓаните на целосна будност и внимателност при движење во шумите, како и на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлаат отпушоци и догорчиња на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци, со што заеднички ќе се придонесе за зачувување на шумите и нивно оставање во наследство на следните генерации.
Доколу граѓаните забележат пожар, веднаш да го пријават на бесплатните телефонски броеви: 193 (пожарна) 195 (РЦУК) и 192 (полиција).







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.