Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Подигнати 1.370 метри кубни отпад, во првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со општина Струмица и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор.

Викендов акција се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково. 

Бранко Горѓиев – Раководител на секторот „Комунална хигиена“ информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии се одвиваше успешно и беа подигнати 1.370 метри кубни отпад, од расчистените диви депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.

Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.