Минатата недела во Брисел се одржа јубилејното 10-то издание на настанот „Твоја Европа, твој збор“, на кое годинава претставник од Македонија беше СОУ „Јане Сандански“ од Струмица.
Учениците Надица Трајкова, Митко Митко Ников и Стојан Стојанов, предводени од проф. Катерина Калева Тасева учествуваа во повеќе активности, преку кои имаа можност да ги искажат своите ставови како млади жители на Европа, стекнаа познавање и разменија мислења со врсници од 33 земји-членки на ЕУ и кандидати за членство.
На настанот учествуваа околу 100 ученици поделени во 10 групи и секоја група работеше на посебна тематика и проект.Проектите тие ги гласаа меѓусебно, при што беа одбрани најдобрите четири, кои потоа треба да бидат разгледувани од страна на Европскиот Комитет за економски и општествени прашања и треба да бидат претставени пред Европскиот парламент.
На 10-от YEYS настан актуелно беше и прашањето за изборите на Европскиот Парламент кои треба да се одржат во мај годинава, како и за излезеноста на младата популација во ЕУ на изборите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.