Наставниот кадар и учениците во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, во следниот период ќе започнат активности за хортикултурно уредување и поставување нова урбана опрема во дворот во училиштето.
ЈПКД „Комуналец“ како и секогаш ги подржува овие активности за раззеленување и разубавување на јавните зелени површини, а посебно оние иницијативи кои доаѓаат од младите.
Работната единица од секторот „Комунална хигиена“ денес работеше на расчистување и подготовка на теренот каде ќе се реализира оваа активност.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.