Ученикот од СОУ „Никола Карев“ – Струмица – Иван Недев, со својот тим го освои второто место на Иновативниот камп – натпревар за средношколци во претприемачки вештини, кој на 27.03.2019-та се одржа во Делчево, во организација на Џуниор Ачивмент – Македонија.
Недев беше во тимот број 13 заедно со ученици од средните училишта од: Валандово, Гевгелија, Битола и Виница, чиј бизнис ментор беше Рахела Евтимова од Универзитетот „Американ Колеџ“.
Од СОУ „Никола Карев“ – Струмица под менторство на Цонка Димитровска-Шопова и Сања Митева, учествуваа и учениците: Македонка Василева од III-8 клас, Аница Јованова од III-6 клас и Иле Крстев од III-2 клас, кои се здобија со пофалници.
На иновативниот камп учествуваа 100 ученици од 21 средно училиште од земјава, поделени во 20 тима од по 5 ученици, чија задача беше, според даден концепт, да развијат бизнис идеја.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.