Вчера екипи на ТППЕ Струмица со 2 возила и 8 пожарникари учествуваа во гасење на шумски пожар во околината на селата Бајково, Баделен и Стиник. Гореше на седум различни локации на површина од околу 20 хектари. Пожарот е делумно ставен под контрола.
во 13:05 часот, ТППЕ Струмица со 2 возила и 7 пожарникари учествуваше и во гасење на запален кров на куќа во село Пиперево. Спречена е поголема катастрофа и причинета е поголема материјална штета.
Не помагаат предупредувањата од Противпожарните единици, ДЗС, забраната за движење во шума и високите парични казни. Напротив, секојдневно се зголемува бројот на пожарите на отворено, а пожарникарите деноноќно се на терен.
Тие уште еднаш апелираат за поголема свест и внимателност, како и да не се палат огнови на отворено.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.