Околу 20-тина вреќи отпад беа собрани во еколошката акција, која изминатиот викенд ја спроведоа младите од населеното место Сачево.
Тие го чистеа просторот околу паркот, училиштето и пензионерскиот дом.
ЈПКД „Комуналец“ – Струмица ја поздравува оваа акција и стои на располаѓање за секоја понатамошна активност.
Исчистениот терен беше посетен од одделението „Комунална хигиена“ и во разговор со дел од иницијаторите беа најавени активности за генерално чистење на овој простор, дополнително хортикултурно уредување, како и замена на постоечката урбана опрема во паркот.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.