Во струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ беше одбележан светскиот ден на литературата за деца – 2-ри април.
По тој повод а и во духот на склучениот меморандум за соработка на општина Струмица со „Просветно дело“ – Скопје, беше презентирана сликовницата „Спирко Немирко“ од струмичанката Ксенија Маказлиева-Трајчева.
Присутни беа децатата од детската градинка и учениците од општинските основни училишта, кои имаа можност да ги разгледаат најновите изданија на повеќе детски списанија: „Развигор“, „Росица“, „Наш Свет“, „Другарче“ и други.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.