Деновиве општина Василево работи на санација на локалниот пат Ново Владевци- Старо Владевци кој беше во многу лоша состојба.
Се очекува одобрување на средства за комплетна реконструкција на истиот локален пат од страна на централните институции, со што во иднина ке се подобри локалната патна инфраструктура во оваа населено место.
Во наредниот период следува санација на локалниот пат од Доброшинци кон Нова Маала.
Исто така ќе следуваат активности на асфалтирање на локални улици и патишта во населените места на општина Василево, што е предвидено во годишната програма на општината.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.