Југоисточниот плански регион објави оглас за доделување грантови за воведување агроеколошки мерки во сливот на река Струмица. Главната цел на проектот е подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и условите за живот на населението, преку спроведување активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, со воведување на современи, агроеколошки мерки.
За таа цел објавен е повик за избор на земјоделски производители кои се занимаваат со овошни и градинарски култури, кои ќе се вклучат во специјализирани обуки за агроеколошко производство од 6 општини и тоа: Радовиш, Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и Конче. За учество на обуките ќе бидат изберани 40-тина производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 60 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.
Преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 50 грантисти, 20 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 30 производители на градинарски култури (од сите 6 општини). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.
Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки. Крајниот рок за пријавување е до 30.04.2019-та година. Подетални информации за огласот на следниот линк.
Целосните информации за огласот на следниот линк.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.