Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст“ – Струмица, со членовите на Scuola di poesia – School of poetry – Делегација на Македонија, ја издаде седмата е-збирка поезија „Дланковод“.
Во збирката се застапени повеќе од 50-тина автори кои на 117 страни и песни поделени во два дела, творат на темата „Рака“, која дава плејада на можности, бескраен спектар на перцепирање, давање помош, поддршка, разбирање, глас, еднаквост, сплотеност. Раката е полна со метафори, таа има столб, носечка функција гледано од многу аспекти.
Како што вели издавачот Митко Гогов во воведот на самиот зборник поезија – неговата цел, како и на претходните 6 објавени електронски зборници, е да ја одржат креативната моторика, взаемната инспирација и градење мостови помеѓу различните поетики на самите автори. За љубителите на поезијата, целиот зборник е на следниот линк.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.