Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се одбележи Меѓународниот ден на спортот за развој и мир

Општина Струмица ќе го одбележи 6-ти април, Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. По тој повод ги поканува сите спортски клубови, спортисти и рекреативци да земат активно учество на настанот кој ќе се одржи на 6-ти април (сабота) во Градскиот парк во Струмица, кај езерцето. Се замолуваат екипите кои ќе земат учество на настанот да носат свои реквизити во 10 часот, а настанот ќе трае до 12 часот.

Доколку временските услови не дозволуваат настанот да се одржи на отворено, истиот ќе се одржи во спортската сала на СОУУД „Димитар Влахов”.

На настанот ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски, советникот за млади и спорт на претседателот на Владата – Ѓорги Тасев, градоначалникот на Општина Струмица – Коста Јаневски, претседателот на Советот – Марјан Даскаловски, спортски работници, тренери, гости и љубители на спортот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.