Општина Струмица објавува Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD).
Овој проект е финансиран од ЕУ и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во 6 земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јули 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.
Општина Струмица и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Струмица и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. Млади и вработување
2. Социјална инклузија
3. Родова еднаквост и човекови права
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД. На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD (до јули 2020).
Општина Струмица и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми.
Јавниот повик ќе трае од 04.04.2019 (од 9:00 часот) до 16.05.2019 (до 15:00 часот).
Сите неопходни информации за потребната документација и пријавување на официјалната фејсбук страна на општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.