Во рамките на планираната акција „Еко фронт-Чиста да ни е“ која што започна минатиот месец, вчера се работеше во населеното место Сачево. На неколку локации, екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги чистеа и миеја улиците, поставуваа канти за смет, засадуваа дрвца и чистеа канали.
Според градоначалникот Коста Јаневски, Еко фронт е комплексна акција која што има повеќе компоненти и која континуирано ќе трае во целиот нареден период.
Акцијата започна со чистењето на дивите депонии, кои претставуваа најголем проблем во општина Струмица. Тоа беше и причината за оваа акција да стане масовна и затоа е наречена Еко Фронт, како концепт кој што содржи повеќе сегменти – раззеленување на животната средина, садење на дрвца, чистење на околината, кампања со правење на спотови за едукација на населението, посебно на помладите и слично.
Таа се одвива благодарение на големата помош и поддршка од сите граѓани кои што несебично се вклучија со нивна механизација и „Комуналец“ кој, со сите свои ресурси и можности ја води и координира акцијата.
На терен се и инспекциите кои што работат во повеќе смени и веќе има видливи резултати по изречените санкции, а регистрирани се и прекршители на однесувањето кон природата.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.