Викендов, покрај езерцето во големиот градски парк во Струмица, беше одбележан 6-ти април – Меѓународниот ден на спортот за развој и мир.
Учествуваа голем број деца и млади од повеќе спортски клубови кои изведуваа спортски активности на повеќе локации. На овој спортски настан присуствуваше и претседателот на Владата на Македонија – Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски, како и советници и претставници на национални и локални институции.
Заедно со домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, ја испратија пораката за повеќе спортски активности на младите и поголема поддршка на спортот.
Како што истакна Јаневски, Струмица со овој настан потврди дека има долга спортска традиција, многу спортски ѕвезди излегле од оваа средина и поради тоа има голема почит кон спортот, а тоа го докажува со сите нејзини активности, ги поддржува сите клубови, а посебно се радува кога младите категории се вклучени во спортот.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.