Ученичката Симона Златанова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, од 20-ти до 24-ти март учествуваше на настанот Model United Nations (MUN) во Мостар, Босна и Херцеговина, каде во неколку сесии ученици од разни земји од светот дискутираа за безбедноста и кооперацијата.
На настанот во Мостар учествуваа околу 400 средношколци и студенти од околу 70 држави кои имаа улога на делегати. Симона беше делегат на Франција. На сесиите беше стави посебен акцент на две теми поврзани со безбедноста.
Средношколците и студентите дискутираа за ситуацијата во де факто независната држава Приднестровие (Транснистрија) и околу справувањето со постоечките залихи на оружје и спречувањето на активноста на малите армии на територијата на Западен Балкан.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.