Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Издадени 9 прекршочни санкции поради фрлање и палење отпад на јавни површини

Во периодот од 19.03.2019-та до 08.04.2019-та година, комуналната инспекција на општина Струмица вршеше вонредни инспекциски контроли на фрлање и палење отпад на јавни површини. Контролите се вршеа во две смени во сите 7 денови од неделата, при што акцентот беше ставен на локации каде што има детектирано создавање на диви депонии.

Согласно законските надлежности од страна на овластениот комунален инспектор и комуналните редари, во 9 случаи биле затекнати прекршители кои вршеле фрлање и запалување на отпад, по што против истите се изречени 8 прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог и 1 санкција со издавање на прекршочен патен налог.

Во неколку случаи, а во соработка со МВР и ТППЕ Струмица беше делувано превентивно, во поглед на гаснење на запален отпад, односно, спречување на ширење на пожари.

Инспекциските контроли ќе се вршат континуирано и во наредниот период.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.