Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Јавен повик за основање на Шелтер центар за заштита на жртви на семејно насилство

Општина Струмица распишува Јавен повик за прибирање на предлог проектна иницијатива од локална граѓанска организација, заради реализација на проект за справување со проблемот со жртвите на семејно насилство, односно основање и започнување со работа на „Шелтер центар за згрижување и заштита на жртвите на семејно насилство во општина Струмица“.

Проектот ќе се реализира во партнерска соработка помеѓу општина Струмица и избраната граѓанска организација. За таа цел, од Буџетот на општина Струмица за 2019-та година, планирани се 1.200.000 денари, кои се ставаат на располагање како општинско учество, или 50% од вкупните финансиски средства потребни за реализација на целиот проект.

Планиран термин за почнување со реализација на активностите од проектот е 01.06.2019-та година. Целосната содржина на јавниот повик може да се види на следниот линк.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.