Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја напуштија 22. седница на Советот на Општина Струмица, поради како што изјавија, спорните точки со кои се менува Статутот на Општината.
Проблематично, како што истакнаа советниците, е тоа што промената на Статутот на Општината ќе значи промена на сите одредби од истиот каде стои Република Македонија во Република Северна Македонија.
На конференција за прес, Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Донев, рече дека нивната партија не учествувала во креирање на Преспанскиот договор, па така нема да учествува ниту во спроведувањето на одредбите кои произлегуваат од него.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.