Телевизија „Вис” во синоќешниот пренос во живо на социјалните мрежи, од состојбата на струмичките улици за време на полицискиот час, документираше апсење поради непочитување на владината мерка.
Две лица кои првично тврдеа дека биле до соседниот дуќан, свесни дека не смеат да го напуштат домот, беа уапсени, поради прекршување на забраната за движење која важи за сите граѓани, во периодот од 21 до 5 часот наутро.
Лицата, од она што се гледа на снимката пружат умерен отпор при напорот на полицијата да ги уапси, но по неколку наредби да влезат во полицискиот автомобил се согласија на тоа.
Покрај овој настан, од видеото може да се заклучи дека струмичани доследно ја почитуваат забраната за движење.
Немилиот настан е на 20:10 од видеото.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.