Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица со десетина награди на МАССУМ

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, со десетина награди се вратија од 13-тото образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училипта во Македонија).

Економистите годинава настапија со штанд „Juice House“, кој ја доби наградата „Најдобар штанд“, изработен од ученичките Ружица Ефтимова, Мери Мастева, Божана Манева, Невена Танчева и Цвета Велкова, под менторство на професорките Јованка Михаиловиќ, Катерина Милушева, Гордана Вукашиновиќ и Македонка Манушева. Освен тоа, учениците Анета Манева, Теодора Дузлеска, Никола Танушев и Ана Николова имаа најдобар маркетинг план, изработен под менторство на професорките Стаменка Џорлева и Македонка Манушева.

Во категоријата „Најдобар филм“ второто место го освои Коки Ќосев со краткометражниот филм „Вистински вредности“, под менторство на професорката Билјана Костадинова. Второто место во категоријата „Најдобра фотографија“ го освои Митко Ников, фотографирана за време на самата манифестација, а под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова.

Драмското студио на училиштето ја освои втората награда во категоријата „Најдобра драма“. Викторија Баџукова под менторство на професорката Јулија Ковачевска, ја изведе монодрамата „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

Во категоријата „Кариерно портфолио“ награда доби Вера Солевска, која работеше со нејзините ментори Катерина Милушева и Гордана Вукашиновиќ, а во категоријата „Интервју за работа на англиски јазик“ второто место го освои ученичката Теодора Дузлеска, чиј ментор беше професорката Зорица Витанова.

Овогодинашниот плакат за „Образовно рандеву – МАССУМ 2019“ беше изработен од Мартин Спасовски кој ја доби првата награда. Негов ментор беше професорката Софија Тошева.

На манифестацијата учествуваа спортистите, кои во категоријата „Street Basket“ го освоија второто место во состав: Билјана Витанова, Елена Панеска, Ристе Бунгурџиев и Миле Ѓоргиев, под водство на професорот Гоце Кончалиев. За убавата атмосфера на манифестацијата придонесе и училишниот бенд во кој, со нивниот ментор, професорот Денис Кирчанов, настапија учениците Филип Костов, Стојан Дончев, Васил Бунгурџиев, Даниел Наков, Џоко Ѓоргиев и Џејд Бинева, освојувајќи го третото место во својата категорија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.