Преку Проектот за управување со сливот на река Струмица, кој го спроведува УНДП во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, финансиран од Швајцарската агенција за развпј и соработка, 50-тина грдинари и овоштари од струмичко-радовишкиот регион ќе добијат по 5 илјади евра, грантови за примена на агро-еколошки мерки во производството.
Земјоделците кои сакаат да ги добијат средствата треба да се пријават и да следат обуки на кои ќе се едуцираат како до еколошко и поконкурентно земјоделско производство.
Пријавувањето трае до 30-ти април, а обуките ќе се организираат во периодот мај/јуни 2019 – октомври/ноември 2019 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.
За учество на обуките планирано е да се изберат 40 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 60 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.