Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

[ФОТО] Во пожар изгореа ТВ „Вис“ и други субјекти, а повредени се и пожарникари

Денес, (среда) 25.03.2020 година, околу 02.00 часот, во просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ како и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица избувна голем пожар.

ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава со 1 ПП возило и 5 пожарникари излезе на локацијата на пожарот.

Поради сериозноста на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на ТППЕ Струмица при што се испратени уште 4 ПП возила и 20 пожарникари.

Околу 09.00 часот пожарот е ставен под контрола и речиси целисно е ликвидиран. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествуваа во гаснењето на пожарот.

Двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здоби со полесна повреда на ногата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.