На 15-ти и 16-ти април 2019-та година, во организација на „Црвен крст“ – Струмица, се одржаа 4 едукативни работилници по прва помош во ОУ „Никола Вапцаров“ – Струмица.
Со овие работилници беа опфатени вкупно 74 ученици од VII одделение, кои беа запознаени со најчестите типови на повреди и животозагрозувачки состојби и начинот на нивно третирање.
Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и ги зголемува шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединец или на група луѓе е во опасност. Токму тоа е и целта на ваквите работилници, што подобро да се едуцираат најмладите во општеството, за да бидат подготвени да пружат помош.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.