Фондот за иновации и технолошки развој отвора три инфо центри преку кои на компаниите им обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош и информации поврзани со инструментите, деталите, условите и можностите за аплицирање за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Целта на овие инфо-центри е да ги понудат потребните информации за поднесување предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка.
Оваа поддршка веќе се нуди децентрализирано во Битола, во соработка со Фондацијата за развој на претприемништво, регионална и прекугранична соработка. Вакви инфо-центри во наредните денови ќе почнат да функционираат и во Тетово и Струмица. Максималниот износ на финансиската поддршка од страна на ФИТР изнесува 325.000 денари.
Поддршката ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до предкомерцијална (пред-пазарна) фаза.
Инструментот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи регистрирани во земјава, кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ.
Јавниот повик е отворен до 15-ти мај 2019 година. Сите информации поврзани со повикот, апликацискиот формулар, како и правилниците и формуларите за оценување се објавени на следниот линк.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.