„Џио Струмица“ обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија, откако одигра уште еден тензичен натпревар, со пресврт, против екипата на „Шутова“ од Кичево.
Имено, поради тензиите за време на натпреварот, истиот се одвивал со прекини, но и покрај тоа „Џио Струмица“ успеа да извојува победа со краен резултат 3:2.
Во финалето на Купот на Македонија тие ќе се спротивстават на тимот на Универзитет „Тетово“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.