На тема: „Педијатриска прва помош – зајакнување на капацитетот на воспитувачи, негуватели и наставници по одделенска настава и подигање на јавната свест во однос на педијатриска прва помош“ се одржа еднодневна обука во детската градинка „Детска радост“ – Клон 3.
Главните придобивки од оваа обука се препознавање на болно или повредено дете, препознавање на специфични медицински проблеми и соодветно медицинско згрижување, разликување кога да се повика брза помош, а кога да се побара медицинска помош, спроведување реанимација според АБЦДЕ, давање соодветна помош при задушување и слично.
Обуката беше реализирана од страна на невладината организација „ЛинкАкрос“ од Скопје, а финансирана од општина Струмица, која дава поддршка на ваквите иницијативи за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар во предучилишните и училишните установи во општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.